Дома Фудбал Лига на шампиони Нова ера: Фејсбук бесплатно ќе ја пренесува Лигата на шампиони

Нова ера: Фејсбук бесплатно ќе ја пренесува Лигата на шампиони

Социјалните мрежи во изминатите неколку години го променија начинот на кој ги следиме спортовите. Милиони навивачи ширум светот додека гледаат натпревари (без разлка дали се на стадион или телевизор) споделуваат ставови и фотографии на Фејсбурк, Твитер, Инстаграм…

За време на овогодишното финале во Лигата на шампиони дури 34 милиони корисниц на Фејсбук биле вмешани во 98 милиони интеракции поврзани за самиот натпревар. Тоа се бројки кои не можат да се игнорираат, па првиот чекор за спојување на спортот и социјалните мрежи го направи токму Фејсбук.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Натпреварите од американската бејзбол лига и МЛС веќе се пренесуваат во живо на Фејсбук, кој неодамна прослави две милијарди корисници. Но, од следната сезона корисниците на оваа мрежа ќе можат во живо да ги гледаат и натпреварите од Лига на шампиони.

Соработката ја покрена американската телевизиска куќа „Фокс“ која на својата Фејсбук страна на оние кои стегнале „лајк“ ќе им овозможи пренос на два натпревари од групната фаза, четири меча од осминафиналето и четири четвртфинални натпревари. Некои преноси ќе бидат ексклузивно на Фејсбук, а некои ќе ги има и на телевизија.

Со ваквиот потег Фејсбук сака да стави крај на „сивата економија“ бидејќи постојано можат да се најдат стотици нелегални линкови од стримови на натпреварите. Притоа со услугата „Live“ невозможно е да се контролира содржината која оди во живо, па многу корисници со своите телефони ги сминаат ТВ приемниците и нудат пренос на натпревар во добра резолуција.

Новата Фејсбук услуга за сега ќе биде достапна само за Американците, иако не е познато како Фејсбук може да ги контролира милионите корисници кои преку одредени алатки можат да ја променат IP адресата од која сурфаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…