Нов расистички скандал ја тресе Серија А откако се појави видео на кое се гледа како навивачите на Лацио расистички го навредуваат играчот на Милан, Тиму Бакајоко.
Се започна после победата на Милан против Лацио, кога Бакајоко пред своите навивачи го подигна дресот на Ачерби, така исмејувајќи ја неговата изјава дека „Лацио е далеку подобар тим од Милан“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој потег крена голема прашина на Апенините, беше отворен дисциплинска постапка, но Французинот помина само со финансиска казна.
Меѓутоа, го навлече гневот на фановите на Лацио кои на срамен начин го исмеваа и расистички го навредуваа на вчерашниот дуел против Удинезе.
Навивачите на Лацио пееа песна: „Оваа банана е за тебе Бакајоко“ и испуштаа расистички извици.
Со ваквиот потег навивачите ја згрозија цела Италија, но се уште не е познато дали ќе бидат казнети.
Lazio's Curva Nord with racist chants directed towards Bakayoko during the game against Udinese yesterday:
"This banana is for you Bakayoko"
Disgraceful. Let's see if the Italian media is going to cover this like they did with a harmless joke last week.pic.twitter.com/eVoUFewLoi
— TheMilanBible (@TheMilanBible) April 18, 2019