Во Париз се планира покрај фудбалскиот и ракометниот клуб да започна и работа клуб за боречки вештини. Познато е дкеа ПСЖ сака да ги има најголемите ѕвезди, па така е и тука и токму затоа одлучиле клубот да го води Дагестанецот, Кабиб Нурмагомедов.
Пред две години Нурмагомедов се повлече од УФЦ и остана непобедлив. Според информациите кои ги пренесуваат француските медиуми станува збор за многу сериозен проект.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв човек и на овој клуб секако ќе биде Ал Келаифи кој веќе разговарал и со Али Абделазиз.
Од претходно е познато дека Нурмагомедов има контакт со сопственикот на францускиот клуб, а во една прилика објави и фотографија на која добива дрес од Келаифи.