Дома Фудбал Италија Нов проблем за Серија А: Тројца фудбалери на Фиорентина позитивни на корона

Нов проблем за Серија А: Тројца фудбалери на Фиорентина позитивни на корона

Пред враќањето на тренинзите сите фудбалери во Серија А се подлежни на тестови за коронавирус.

Некои клубови веќе започнаа со тренинзи, но резултатите во Фиорентина не се охрабрувачки за ре-старт на Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, клубот од Фиренца денес потврди дека има шест позитвни на коронаворус, од кои тројца фудбалери и тројца вработени во клубот.

Заразените веднаш се испратени во карантин, а останатите утре ќе бидат тестирани пред да започнат со тренинзи во тренинг центарот.

Инаку Фиорентина беше најпогоден клуб на почетокот на пандемијата и имаше вкупно 12 случаи позитивни на КОВИД 19.

Резултатите од денешните тестирања секако не се охрабрувачки за Серија А која се очекува да продолжи на почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конте збесна по елиминацијата од Купот: Ова не е добра сезона за ВАР и судиите!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги објасни своите реакции кон судијата по елиминацијата…