Освен тоа што Јувентус овие денови во центарот на вниманието, сега уште еден cкандал го тресе италијанскиот фудбал.
Имено, петмина поранешни фудбалери на Виртус Верона се прогласени за виновни за cилyвање на 20-годишна студентка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Настанот се случил ноќта помеѓу 18. и 19. Јануари 2020 година кога студентката дошла во станот на еден од фудбалерите. Случајот се криеше три години од јавноста, но се излезе на виделина откако се објавија имињата на фудбалерите.
Осудени на шест години затвop се: Стефано Касарото од Венеција (26 години), Џани Манфрин од Падова (29 година), Едоардо Мерси од Верона (23 години), Сантијаго Висетин (24 години) и Даниел Онеску (29 години).
Покрај добиената затвоpcка казна, Фудбалскиот сојуз на Италија на сите им забрани учество во било кој ранг на италијанскиот фудбал доживотно.