Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не планира да ја прекине кариерата на крајот од сезоната, иако веќе влезе во петтата деценија од животот.
Четириесет и двегодишниот Италијанец има договор со Јувентус до крајот на сезоната, но „Тутоспорт“ тврди дека двете страни ќе ја продолжат соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот кој е близок до Јувентус открива дека Буфон постигал договор за нов едногодишен договор и ќе стави потпис на истиот веднаш откако ќе помине хистеријата со пандемија.
42-годишниот голман ова лето се врати во Јувентус после авантурата во ПСЖ и потпиша договор на една година, но наскоро ќе ја продолжи соработката.