Дома Топ вести Ништо ново: Роналдо сака да добива барем 1 евро повеќе од Меси!

Ништо ново: Роналдо сака да добива барем 1 евро повеќе од Меси!

Двете најголеми ѕвезди во светскиот фудбал Кристиано Роналдо и Лео Меси си конкурираат не само по фудбалските квалитети и трофеите, туку и по платите.

Уште еден доказ за тоа е тврдењето на „Мундо Депортиво“ дека Португалецот бара нов договор од Реал Мадрид и неговата плата да е барем за 1 евра поголема од таа на Меси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за тоа е ставот на Роналдо дека токму тој е најдобриот фудбалер во светот, па со самото тоа треба да биде и најплатен. Кристиано во новиот договор покрај сериозно зголемување на платата сака да бидат вклучени и бонуси за неговите индивидуални и лични достигнувања.

Во моментов Роналдо е трет најплатен фудбалер во светот со 30 милиони евра годишна плата. Пред него се Лео Меси кој во Барселона заработува 40 милиони, и Нејмар кој во ПСЖ заработува 36 милиони евра.

Ова не е прв пат Роналдо да бара нов договор поради Меси. Пред две години го направи истото, откако јавно призна дека е несреќен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …