Дома Фудбал Останато Ниту Италија, ниту Арсенал! – Фабио Капело донесе одлуката за својата иднина

Ниту Италија, ниту Арсенал! – Фабио Капело донесе одлуката за својата иднина

Искусниот италијански стручњак Фабио Капело, неодамна заработи отказ во кинескиот Џинагсу Сунинг, после серијата лоши резултати.

Веднаш после отказот медиуми започнаа да шпекулираат дека Капело е еден од кандидати за селектор на Италија, а се поврзуваше и со клупата на Арсенал како наследник на Венгер, но и изгледа нема да има ништо од тоа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендарниот Италијанец порача дека не е кандидат за клупата на Италија и порача дека Џиангсу бил неговиот последен клуб во тренерската кариера. Изгледа дека искусниот Капело одлучил после неколку децении да оди во заслужена пензија.

„Селектор на Италија? Не, веќе имам искуство со Англија и Русија кога во прашање е селекторската работа и не би сакал да се впуштам во такво нешто. Моето искуство со Џиангсу Сунинг беше последно во кариерата и сега сакам само да уживам“, изјави 71 годишниот Капело.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати се можните противници на Шкендија и во Лига Европа

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ја започнува својата европска авантура во второто …