Дома Фудбал Капело за проблемите на Реал: Модриќ, Крос, Каземиро

Капело за проблемите на Реал: Модриќ, Крос, Каземиро

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело даде интервју за Marca во кое ги анализира актуелните фудбалски случувања. Шпанскиот спортски дневен весник особено инсистираше на анализа на ситуацијата и проблемите со кои се соочува Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо. Разговорот во еден момент се насочи кон Лука Модриќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, капитенот на Хрватска минатото лето го напушти Реал Мадрид за кој играл од 2012 година. Го напушти како најтрофејниот играч (28) во историјата на славниот клуб, а потоа замина во Милан. Црвено-црните од „Сан Сиро“ минатата сезона беа осма екипа во Серија А, а моментално се втора, со еден бод заостанување зад водечкиот Интер.

Капело беше побаран да го прокоментира проблемот на Реал со создавање игра. Во прашањето беше истакнато дека Модриќ во Милан игра одлично и се истакнува на возраст од 40 години.

„Да, но Лука е уморен, малку уморен, иако игра одлично. Реал Мадрид веќе нема голем квалитет во средниот ред. Кога ќе помислиш на Модриќ, Крос и Касемиро, каде денес ќе најдеш таков среден ред? Тоа беше силата на Реал Мадрид сите овие години”, одговори Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…