Дома Македонски спорт Мак фудбал Никола Димовски деветто засилување за Тетекс

Никола Димовски деветто засилување за Тетекс

Tимот на Тетекс е прилично активен во овој преоден рок и веќе го доведе деветтото засилување за новата сезона.

Ново име во редовите на Тетекс или вкупно девето засилување пред почеток на новата сезона е 21-годишниот напаѓач Никола Димовски кој доаѓа од ГФК Осогово. Претходно беше дел од прволигашот на Црна Гора, Ком.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во македонскиот фудбал Димовски настапуваше за ФК Саса Каменица и за младите категории на Академија Пандев. Да напоменеме дека Димовски потекнува од фудбалската школа на ССК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…