Дома Фудбал Останато Никогаш задоволен, тој е Жозе: „Добра игра, лош резулат, а Рашфорд е заљубен“

Никогаш задоволен, тој е Жозе: „Добра игра, лош резулат, а Рашфорд е заљубен“

Таков е Мурињо, никогаш задоволен. Едноставно, тој е Жозе. Иако, после синоќешниот натрпевар во Виго со Селта, има и оправдани причини за своите коментари.

Неговиот Манчестер Јунајтед славеше со 0:1 на гости кај Селта во првиот полуфинален дуел со Шпанците во рамки на Лига Европа, но „Црвените ѓаволи“ можеа да постигнат барем уште неколку гола и поспокојно да го очекуваат реваншот следната седмица.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Многу сум задоволен од играта, но не и од резултатот. Требаше да имаме најмалку два, па и три гола предност. Игравме доволно добро за да го ’затвроиме‘ овој натпревар, но претстои реваншот на Олд Трафорд“, вели Мурињо за ВВС, после мечот во Виго.

Жозе имаше доста пофални зборови за стрелецот на единствениот гол на натпреварот, Маркус Рашфорд.

„Рашфорд е 19-годишен клинец кој е заљубен во фудбалот. Останува после тренинзите уште еден час и половина за да вежба изведување слободни удари и ја чека својата шанса“.

Мурињо истакна дека Селта синоќа покажа колку е добра екипа и додаде дека полага надеж во навивачите на реваншот на домашен терен во Манчестер.

„Се обидовме да победиме поубедливо, но ги промашувавме шансите. Бевме компактни против тимот со кој е многу тешко да се излезе на крај. Се надевам дека на реваншот Олд Трафорд ќе сака да победиме, бидејќи кога Олд Трафорд сака нешто, тоа и се случува“, заклучи португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …