Дома Фудбал Останато Нико Ковач руши рекорди во Монако, подобар е и од Венгер

Нико Ковач руши рекорди во Монако, подобар е и од Венгер

Нико Ковач од доаѓањето во Монако забележува одлични резултати. Тимот го препороди толку што Монако на три кола пред крајот и понатаму теоретски има шанси за титулата.

После лошиот почеток на сезоната, Монако имаше седум освоени бодови после шест натпревари следуваше нешто подобар период со четири победи во низа, но одново следуваа три порази, за потоа во следните 24 натпревари во сите натпреварувања Монако да биде поразен само два пати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако од победата против Дижон на 20 декември освои најмногу бодови во Лига 1 и заслужено го носи статусот најдобар француски клуб во 2021 година.

Во минатото коло после подолго време беа поразени од Лион и сега се само теоретски во игра за титулата и во преостанатите три кола грчевито ќе се борат да го задржат третото место кое води во ЛШ.

Без оглед на тоа Монако ќе остане најдобар тренер во својата прва сезона во клубот. Кога ќе се погледне процентот на освоени бодови во дебитантската сезона, Ковач е најуспешен. Зад себе тој остави великани како Раниери и Венгер кои имаа 59, односно 50 победи со Монако во првата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…