Бразилецот Нејмар призна дека во текот на летото сакал да го напушти ПСЖ, но и потенцираше дека сега е среќен во клубот.
Тој во овој момент се наоѓа на собирот на репрезентацијата за која ќе го одигра 100-тиот натпревар против Сенегал, а по тој повод на прес конференцијата се зборуваше за се помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тема беше и ПСЖ.
„Не сум среќен само во репрезентацијата, среќен сум и во клубот. Сите знаете што се случуваше во текот на летниот преоден рок и знаете дека сакав сакав заминам. Но тоа е зад мене. Сега сум среќен опуштен и се чуствувам пријатно. Оваа сезона за мене добро започна, задоволен сум од моите настапи“.
„Како што веќе и кажав, ќе се борам за својот клуб со сета сила и ќе се трудам да бидам успешен и да го дадам максимумот за да оствариме добри резултати“, изјави Нејмар.
Нејмар со своите 27 години запиша 99 натпревари за репрезентацијата и постигна 61 гол. Јубилејниот стоти ќе го одигра денес од 14:00 часот против Сенегал.