Нејмар денеска полни 27 години, па по тој повод организираше гламурозна забава во Париз на која присуствуваа 500 гости.
Најскапиот фудбалер на светот, втора година по ред повреден и на патерици го прославува својот роденден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар е разочаран што повторно нема да може да му помогне на својот тим во Лигата на шампиони, па низ солзи си посака што побрзо да оздрави.
„Навистина ми е многу тешко, особено кога ќе се видам со овие патерици. Сепак, вие ме правите среќен и ми ја давате потребната поддршка да бидам уште посилен. Многу сакам да се вратам на она што најдобро го знам, сакам да играм фудбал, тоа е во мојата крв. Доколку би можел да бирам подарок, тоа сигурно ќе беше нова метатарзална коска“, рече Нејмар пред гостите.
Бразилецот, наводно, сакал да ја откаже забавата, но потоа се предомислил зашто не сакал да ги разочара пријателите.
https://youtu.be/ETjZ8d5bhnI