Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар: Не бев спремен, но против Ливерпул морав да играм

Нејмар: Не бев спремен, но против Ливерпул морав да играм

Бразилецот на крајот одигра и клучна улога во големата победа на „светците“.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар откри дека не бил во целост спремен за натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ПСЖ го победи Ливерпул со 2:1, а еден од погодоците беше дело токму на Нејмар.

„Не бев 100% спремен, но тоа беше важен натпревар. Повреден или не, морав да играм, немаше шанси да ја пропуштам. Среќен сум што победивме и што покажавме вистински дух, тоа беше клучно. На сите им покажавме дека сме одлучни да стигнеме што подалеку во Лигата на шампионите“, изјави Нејмар за француските медиуми.

ПСЖ во последното коло на 11-ти декември ќе игра против Црвена Звезда во Белград.

На табелата во групата Ц, Наполи е прв со девет бодови, ПСЖ има бод помалку, Ливерпул на третото место има шест, Звезда е последна со четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…