Дома Фудбал Останато Нејмар: Доволни ми се два тима и топка да бидам среќен

Нејмар: Доволни ми се два тима и топка да бидам среќен

Бразилскито фудбалер Нејмар остана во ПСЖ и покрај големите напори на Барселона да го ангажира.

Во текот на летото Барселона имаше желба да го врати Нејмар и Бразилецот сакаше повторно да заигра за Каталонците, но во ПСЖ не сакаат лесно да се откажат од неговите услуги.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нејмар прашање за својата иднина доби и вчера против Галатасарај во натпреварот кој ПСЖ го доби со 5:0. Нејмар во овој натпревар постигна гол и запиша две асистенции.

„Дали сум среќен во ПСЖ? Среќен сум секаде каде што играме фудбал. Она што најмногу го сакам е да излезам на терен без разлика за кој тим. Кога има два тима и топка јас сум среќен“, изјави Нејмар.

Оваа сезона Нејмар не играше премногу поради проблеми со повредите, настапи на осум натпревари во Лига 1 и успеа да постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси се соочува со проблеми чии решенија чинат 370 илјади евра, но неделно!

“Сините” имаат желба да се разделат со Рахим Стерлинг, но англиското крило не …