Дома Фудбал Останато Нејмар доби буквално СЕ – Еве што добива Бразилецот од ПСЖ!

Нејмар доби буквално СЕ – Еве што добива Бразилецот од ПСЖ!

Откриено буквално се што Нејмар добива од ПСЖ, но ако го погледнеме вчерашниот натпревар јасно е и поради што.

Прво што побрзаа фудбалерите на ПСЖ да потенцираат во медиумите после ремито против Монпелје е дека не зависат од Нејмар. Како да се договорија, Верати, Муние и уште неколкумина потенцираа дека ваквиот резултат не е поради тоа што Емери го одмараше Бразилецот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Нејмар е полесно повреден, тренерот сакаше да го одмори пред дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Во меѓувреме отирена е неговата заработка „Фудбал ликс“ дојде до неверојатни податоци.

Карлос Тевез е единствениот кој на хартија заработува повеќе, но поради казните како и кинеските закони сепак нема да ја добие целата сума.

Нејмар годишно во ПСЖ заработува 36 милиони 834 илјади и 240 евра. Значи, неговата месечна плата е 3.069.250 евра. Кога сето тоа тоа ќе се пресмета, се доаѓа до заклучок дека за еден час заработува 4166.6 евра.

Но, тоа не се.

Клубот плаќа и некои од трошоците на фудбалерот, како што е изнајмувањето од палатата 1000 метри квадратни, на пет спрата и имот од пет квадратни километри во т.н зелена зона на градот, далеку од буката во Париз. ПСЖ за домот на Нејмар плаќа 14.000 евра месечно.

Нејмар на располагање има и авион за одење во Бразил или доаѓање на неговите пријатели и семејството, па јасно е дека од ПСЖ успеа да добие буквално се.

Од друга страна, ќе повториме, ПСЖ без него вчера не успеа да постигне гол…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …