Дома Фудбал Останато Нејмар го откри името на најдобриот играч со кого играл

Нејмар го откри името на најдобриот играч со кого играл

Бразилскиот фудбалер Нејмар денеска по одморот пристигна во Барселона на лекарски прегледи и ги започна подготовките за новата сезона.

Нејмар во друштво на Лионел Меси и Луис Суарез пристигна во тренинг центарот на Барселона. Откако успешно ги завршија медицинските прегледи, играчите на Барселона уште утре треба да го направат првиот тренинг во рамките на подготовките за следната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бразилецот даде и изјава за шпанските медиуми во која одлучи да открие кој за него е најдобриот фудбалер со кого имал прилика да игра.

„Лионел Меси е број еден, него не може никој да го изостави. По него би го одбрал Габриел Хесус. Тој е навистина одличен играч и тоа за многу брзо време ќе го покаже. Секако, тука е и Роналдињо. Него никој не може да го заборави. Иако е против вашите правила, тука би го додал и Робињо, бидејќи тој е мојот идол“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луди сцени во Ангола: Меси дочекан како божество (ВИДЕО)

Аргентина, актуелен светски шампион, ќе одигра во петок во 17 часот пријателски натпревар …