Дома Фудбал Италија Несторовски му ги расипа плановите на Јувентус!

Несторовски му ги расипа плановите на Јувентус!

Вечерва на „Дачиа Арена“ Удинесе и Јувентус го одиграа натпреварот од 35. коло во италијанската Серија А.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец за израмнување (1:1), а натпреварот на крајот го доби домашната екипа со победнички гол во 92. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова за Јувентус беше важен натпревар, бидејќи доколку славеше победа ќе ја осигураше деветата шампионска титула по ред во Серија А.

Нашиот Нестор-гол и Удинесе им ги расипаа плановите на Јуве, па Старата дама ќе мора во следното коло да се обиде да ја освои титулата.

Ова за Несторовски беше трет погодок оваа сезона, откако претходно ја затресе мрежата на Рома и Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …