Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се опорави од тешката повреда на коленото и очекува дека ќе биде повикан за баражот за СП протув Италија.
Несторовски верува дека Македонија има сили да направи изненадување и да ја елиминира Италија во баражот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чекам повик од селекторот за мартовскиот бараж. Мотивиран сум да работам напорно и да му помогнам на националниот тим. Тоа ќе биде специјален меч за мене, бидејќи Италија со години е мојот дом. Мислам дека можеме да ја елиминираме Италија, игравме на ЕП, храбар тим сме, ја победивме Германија, мислам дека имаме шанса“, истакна Несторовски.
Несторовски во април доживеа тешка повреда на коленото и го пропушти Европското првенство.
„Повредата беше ужас, но од прв ден добивав пораки со поддршка, а ми помогна многу и селекторот Ангеловски со самото присуство во соблекувалната, каде што можев да ги поддржам соиграчите. И со самото тоа што од страна го гледав Еуро 2020 беше големо искуство за мене“, истакна голгетерот.