Дома Фудбал Италија Несторовски голот против Рома го посвети на неговиот соиграч кој доживеа тешка повреда

Несторовски голот против Рома го посвети на неговиот соиграч кој доживеа тешка повреда

Во вчерашниот натпревар од Серија А Удинезе ја победи Рома со 0:2, а стрелец на вториот гол беше македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Несторовски во игра влезе во второто полувреме и успеа да ја затресе мрежата, а голот го посвети на неговиот соиграч, Роландо Мандрагора кој неодамна заработи тешка повреда и го чека подолга пауза.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Најважно е што победивме. Заслуживме да славиме, а можеби заслуживме повеќе и на претходните два меча кои ги загубивме против Торино и Аталанта. Вечерва (синоќа) остваривме голем резултат и сите сме среќни. Оваа победа и мојот гол му ги посветувам на Роналдо Мандрагора, кој минува низ тешка повреда, но вчера тој беше со нас и сега беше на стадионот за да не бодри. Оваа победа е за него и се надевам дека набрзо ќе се врати, бидејќи ни недостига многу“, изјави Нестор по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ОВО БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ ГОЛ НА ДИОГО ЖОТА ВО ЖИВОТОТ: Го постигна за Ливерпул во дербито

Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и португалската фудбалска репрезентација, го загуби живот…