Звучи зачудувачки, но таква е реалноста – Гибралтар запиша повеќе победи на официјални натпревари во четири дена отколку Германија во цела година!
Гибралтарците откако прирердија сензација на гостински терен против Ерменија, три дена подоцна ја запишаа првата победа на домашен терен против Лихтенштајн. После четири коло во групата Гибралтар и Ерменија имаат по шест бодови во групата во која ние сме лидери со девет освоени бодови.
Gibraltar have won more competitive matches in the last four days than Germany have won in the last year.
— Daniel Storey (@danielstorey85) October 16, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да, противниците им се далеку послаби од оние на Германија, но со оглед на силата на двете репрезентации неверојатно е како Германија има само една победа во официјални натпревари во целата календарска 2018 година. За бламажата на Светското првенство веќе е се кажано. Во Русија запишаа само една победа и тоа благодарение на мајсторијата на Крос во последните минути во натпреварот против Шведска. Доколку, Крос тогаш не погодеше Германија се уште ќе чекаше победа оваа година.
Scenes in Gibraltar pic.twitter.com/FoLgv4WfOC
— tam sellics son (@gibbygibbo1) October 16, 2018
Не се покажаа ниту во пријателските натпревари. Едвај славеа против Саудиска Арабија во припремите за Светското првенство (2:1), а со ист резултат неодамна го победија Перу. Од останатите пријателски натпревари беа поразени од Австрија и Бразил, а ремизираа против Шпанија.
Во Лигата на Нации имаат само еден бод од три натпревари. Одиграа 0:0 на отварањето против Франција, но потоа ја прегазија Холандија со 3:0, а во последниот натпревар загубија од Франција со 2:1.