Дома Луд Спорт Нереални сцени видени во Египет: 100.00 фанови дојдоа на тренинг! (видео)

Нереални сцени видени во Египет: 100.00 фанови дојдоа на тренинг! (видео)

Египетскиот Ал Ахли е еден од најголемите и најтрофејни клубови во Африка, а сега покажа дека ги има најдобрите и најверните навивачи на светот.

Ал Ахли во сабота ќе игра финале на Лигата на шампиони во Африка против Видад, па одлучи еден од тренинзите да биде отворен за навивачите.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На стадионот дојдоа толку многу фанови што капацитетот беше недоволен да ги прими, па дел од нив застанаа на самиот терен, а од клубот соопштија дека присуствувале повеќе од 100.000 навивачи.

Иако тренингот не се одржа, стручниот штаб и играчите беа повеќе од среќни бидејќи добија таква масовна и силна поддршка пред клучниот меч.

Во првиот натревар, АЛ Ахли одигра 1-1 на домашен терен против Видад Казабланка, а реванш дуелот е закажан за в сабота со почеток од 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…