Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неофицијално: Се појави списокот на Шпанија – отпаднаа големи имиња!

Неофицијално: Се појави списокот на Шпанија – отпаднаа големи имиња!

Иако не е официјално, во медиумите се појави списокот на играчи на Шпанија за претстојниот Мундијал во Русија.

Конкуренцијата помеѓу Шпанците е навистина пеколна и тоа никој не го оспорува, но интересно е што кога Хуан Лоптеги ќе го скрати списокот без „карта“ за во Русија ќе останат играчи кои се поврзуваа со големи трансфери.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според информациите, селекторот веќе се одлучил за оние кои ќе патуваат во Русија. Шпанија на хартија покрај Бразил, Германија и Франција е најголем фаворит, а кога ќе погледнете кои имиња би можеле да отпаднат јасно е и поради што е така.

Нема место за Алварто Морта кој чека Челзи и Јувентус да се договорат, Шпанецот го плати чекот на лошата сезона во Челзи.

Исто така Сеск Фабрегас е минато за Шпанија, човекот кој освои се со „Фуријата“ го изгуби местото покрај младите сили. Ектор Белерин го нема на списокот и тој е далеку од поранешната форма.

Во секој случај Шпанците се навистина силни, а наскоро се очекува и Лоптеги да го соопшти официјалниот список.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ѕвезда од Премиер лигата одлучи да го остави алкохолот: Доста ми е од срамните ситуации!

Ѕвездата на Премиер лигата, Рос Баркли, реши да стави крај на конзумирањето алкохол. Овој …