Мертенс и Наполи не успеаа да се договорат за продолжување на соработката, па така Белгиецот ќе го напушти клубот.




Во претходниот период Мертенс се поврзуваше со Јувентус кој наводно му нудел плата од пет милиони евра по сезона за да го облече црно-белиот дрес, но таа понуда напаѓачот ја одбил.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Според последните информации Мертенс е најблиску до преселба во Турција и тоа во екипата на Галатасарај. Наводно, Галатасарај му понудила четири милиони евра по сезона, плус бонуси и други поволности.




Мертенс би добил личен шофер, вила, но 30 летови до Неапол. Договорот би бил на една година со клазула за продолжување ако тимот се избори за пласман во Лигата на шампионите.