Бразилецот Роналдо Назарио доби необичен предизвик да состави идеални 11 фудбалери кои доаѓаат од различни земји.
Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал немаше многу време за размислување, па така го постави Лука Модриќ на неприродна позиција за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо имаше можност да бира по еден фудбалер од секоја земја и за разлика од некои негови тимови претходно кои ги составувал сега најде место за Кристијано Роналдо.
Португалскиот ас беше еден од првите избрани кај Роналдо. Во формацијата 4-3-3 место добија уште: Бекенбауер, Блан, Лугано и Модриќ во одбраната, Иниеста, Бекам и Де Брујн во средниот ред, а во нападот Меси и Пеле.
Поради недоволниот избор Роналдо го смести Модриќ на левата бековска позиција која е неприродна за него. На голот му даде место на Џиџи Буфон.
@10starballer Ronaldo chooses his classic XI from the countries given , rate his team from 1-10? Who would u change? #messi #ronaldo #nizario #legend #football #fyp #footballtiktok #foryou #foryoupage ♬ original sound – Karaaa.77