На почетокот на неделата италијанските медиуми објавија дека Аталанта испратила барање до Интер и Милан, како и градот Милано своите натпревари од Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Сиро“.
Градот и Интер веднаш одговорија потврдно, а сега пристигнало одобрението и од Милан и препреки не би требал ода има.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Се согласуваме со барањето на Аталанта натпреварите да ги игра на „Сан Сиро“. Ова е прилика да покажеме дека заедно сме за добро на италијанскиот фудбал. Во договор со градоначалникот се согласивме на предлогот“, соопштиле од Милан.
Ќе потсетиме, стадионот на Аталанта „Алиета Аѕури Д’Италија“ во Бергамо во овој момент е во фаза на реконструкција и нема да биде завршен до почетокот на сезоната и дебито на Аталанта во Лигата на шампионите.
Тој стадион немаше услови за играње и натпревари од Лигата на Европа па поради тоа натпреварите од ова натпреварување минатата сезона ги играа на натпреварот на Сасуоло.
Il #Milan conferma di accogliere la richiesta dell’#Atalanta di poter giocare le gare di #Champions a #SanSiro.@Agenzia_Ansa
— Pietro Balzano Prota (@PBPcalcio) July 11, 2019