Манчестер Јунајтед тргна по две големи засилувања.
Според англиските медиуми, „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат до крајот на јануари да ги комплетираат трансферите на Џејмс Медисон од Лестер и Милик од Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед ниту оваа сезона не блеска. Последниот тежок пораз од Манчестер Сити беше капката што ја прелеа чашата и менаџерот Оле Гунар Солскјер побара од раководството засилувања.
Медисон е главната мета на Јунајтед. На „Олд Трафорд“ се убедени дека ќе можат да го доведат до крајот на преодниот рок, а тоа ќе ги чини околу 100 милиони евра.
Од друга страна, наводно е подготвена понуда од 70 милиони евра за полскиот напаѓач Милик и ќе видиме дали Наполи ќе ја прифати оваа понуда.
Медисон и Милик сигурно би биле добри засилувања за Јунајтед, кој со години има проблеми да се врати во врвот на англискиот фудбал.