Дома Фудбал Италија Нема крај на проблемите со повреди во Милан

Нема крај на проблемите со повреди во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот Хакан Чалханоглу и Тео Хернандес го пропуштиле денешниот тренинг.

Тоа значи дека двајцата клучни играчи во тимот на Пиоли се под знак прашалник за мечот со Каљари, кој на програмата е во понеделник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ситуацијата со повредени играчи во Милан станува алармантна. Надвор од тимот поради повреда се Матео Габија, Исмаел Бенасер и Алексис Салемакер, а позитивни на Ковид се Анте Ребиќ и Раде Круниќ.

Пиоли за мечот со Каљари нема да може да смета и на Рафаел Леао, кој ќе одработува суспензија поради жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…