Кога нешто ќе тргне на лошо некогаш не знае да запре, а тоа сега на своја кожа го осети бразилската легенда Роналдињо.
Роналдињо од пред неколку дена е во притвор во Парагвај поради влегувањето со лажен пасош во оваа земја заедно со неговиот брат. Полцијата достави барање до судот Роналдињо да се брани од слободна со парична казна, меѓутоа судот поради можноста Роналдињо да ја напушти државата го стави во притвор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега пристигнуваат нови лоши вести поврзани со правдата за бразилскиот ас.
Имено, Роналдињо во Бразил изгуби спор со работник кој работел на неговата куќа. Работникот кој работел кај Роналдињо добил струен удар. Од струјниот удар електричарот останал жив, меѓутоа до крајот на својот живот ќе биде инвалид. Поради тоа тој се одлучил да го тужи славниот фудбалер. Судот пресуди во корист на работникот и Роналдињо ќе мора да му плаќа доживотна нега.