Дома Фудбал Останато Нема крај на кризата: Нов срам за Фенербахче – сега се во зоната за испаѓање! (ВИДЕО)

Нема крај на кризата: Нов срам за Фенербахче – сега се во зоната за испаѓање! (ВИДЕО)

Инстабулскиот гигант продолжува со катастрофалните резултати.

На кризата на Фенербахче како да и нема крај. Инстанбулскиот гигант доживува удар од натпревар во натпревар, а нова шлаканица добија во денешното гостување против Ахисар.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Домашниот тим ги совлада со 3:0 и ги прескокна на табелата.

Фенер сега е 16-ти на табелата од 18 клубови и се наоѓа на позиција која ги води во понизок ранг, а наскоро ќе измина и половина од сезоната…

Неверојатно е тоа што се случува со клубот кој доживеа големи промени од кога пристигна новиот претседател Али Коч и го наследи легендарниот Азиз Јилдирим. Го доведе Филип Коку на клупата, реализираше некои амбициозни трансфери и се најавуваше борба за титулата, меѓутоа како што тргнале можеби ги чека борба за опстанок.

Фенер во овој момент има само три победи и двојно повеќе порази во 16 натпревари со гол разлика 14:22!?

Дури и слабиот Ахисар денеш им одржа лекција…

Нашиот Елиф Елмас во овој натпревар ги одигра сите 90 минути.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рашфорд можеби направи магија, но Барселона е во големи проблеми по победата во Англија

И покрај тоа што Маркус Рашфорд одигра одличен натпревар и донесе победа на својот тим, Ба…