Дома Фудбал Италија Некогашниот фудбалер на Милан договори трансфер кај легендарниот Фабио Капело

Некогашниот фудбалер на Милан договори трансфер кај легендарниот Фабио Капело

Доскорешниот дефанзивец на Милан, Габриел Палета, кариерата како што стојат работите ќе ја продолжи во Кина.

Во тековната сезона, Палета не запиша ниту еден настап за „Росонерите“ и во договор со челниците на клубот оваа зима разумно го раскина договорот, а следната дестинација во неговата кариера ќе биде Јингс Сунинг.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијанците пишуваат дека 31-годишниот дефанзивец постигнал договор со споменатиот клуб и во следниве денови би требало да отпатува во Кина на потпис на договорот, а кинескиот клуб во битката за неговиот потпис го победи Наполи.

За трансферот на Палера во Кина најголемите заслуги стојат зад името на Фабио Капело, кој инаку е тренер на кинескиот клуб.

Палета освен за Милан низ досегашната кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Ливерпул, Парма, Аталанта…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете ги мајсториите на Деклан Рајс кои го срушија Реал Мадрид (Видео)

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал на стадионот „Емира…