Дома Фудбал Англија Некогаш важеше за голема надеж на Барселона, а сега доби забрана за влез во тренинг центарот на Стоук

Некогаш важеше за голема надеж на Барселона, а сега доби забрана за влез во тренинг центарот на Стоук

afelay

Низ тешки денови поминува фудбалерот кој некогаш беше член на Барселона и важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот.

Холандскиот фудбалер кој веќе три сезони го носи дресот на англискиот премиерлигаш Стоук, Ибрахим Афелај во последно време добива мала минутажа, посебно оваа сезона. Одигра само шест натпревари во Премиер лигата во тековната сезона и јасно е дека тренерот Пол Ламберт не смета премногу на него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спорт“ денес пренесува информација дека тренерот на англискиот клуб му забранил на Афелај да се појавува во тренинг центарот со објаснување дека лошо влијае на остатоткот од тимот и дека поради тоа ќе го нема во тимот до крајот на сезоната.

Шкотскиот стручњак сака целата екипа да биде соединета во борбата за опстанок во Премиер лигата, а Афелај во последно време не покажува премногу труд на тренинзите и освен тоа лошо влијаел на соиграчите.

Иначе Стоук во овој момент се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата со 27 освоени бодови, три помалку од Вест и Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…