Дома Фудбал Неказнетото газење на противникот од страна на Гризман стана вирално. „Како е ова можно?!

Неказнетото газење на противникот од страна на Гризман стана вирално. „Како е ова можно?!

Бруталниот старт на Антоан Гризман на глуждот на ривалот Санчето е моментот за кој најмногу се зборува по првиот полуфинален натпревар од Кралскиот куп, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (0:1).

„Гризман“ како термин е во тренд на Твитер поради тоа, но и благодарение на судијата Алехандро Ернандез и неговиот видео асистент.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Имено, ниту еден од двајцата не го видел очигледното. Како најдобриот играч на Атлетико намерно го запира со газење на скочниот зглоб.

Како што може да се види на видеото, нема сомнение дека Гризман задоцни со старт на топката или дека не успеа да ја запре ногата во обидот да дојде до топката.

Неверојатно, но судијата не му додели ниту жолт картон за овој опасен, опасен старт. Навивачите на Атлетик, но и шпанските фудбалски фанови воопшто, се шокирани стартот на Гризман, а уште повеќе од тоа што судиите не го казнија на никаков начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…