Денес е важен ден за македонските кошаркари кои во Перм ќе играат за пласман на Европското првенство во 2022 година.
Вчера двата услови се исполнија, ние ја победивме Италија, а Естонија изгуби од Русија и денес сами решаваме за нашата иднина. За пласман на ЕП потребна ни е победа против Естонците од најмалку 10 поени разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред почетокот на пандемијата во СЦ „Борис Трајковски“ пред скоро полни трибини Естонија не победи со 72:81. Затоа сега е потребно ние да победиме со најмалку 10.
Проблем за нашиот национален тим е што можеби нема да сметаме на Ненад Димитријевиќ кој се повреди во вчерашниот дуел со Италијанците. Иако според зборовите на Тодоров по натпреварот можеби Нено ќе биде „џокерот“ од клупата. Доколку Димитријевиќ сепак нема да може да заигра најмногу ќе се очекува од Џејкоб Вајли, новиот натурализиран кошаркар во нашите редови.
Дуелот помеѓу Естонија и Македонија се игра во 15:00 часот и ќе оди во директен пренос на Спорт Клуб.