Португалецот Жозе Мурињо денес доби отказ од Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ така после две ипол сезона ќе побраат ново решение за тренерската позиција, а за тоа кој би можел да го наследи Мурињо се пишуваше и пред тој да биде отпуштен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурисио Покетино е еден од тренерите кои се поврзуваат со Јунајтед, а Гери Невил смета дека тој е идеалното решение.
„Клубот досега се обидуваше со тренери кои освојуваа европски титули и титули во земјите каде што работеа. Сега потребен е некој поинаков, некој кој ќе ги форсира младите играчи, но покрај тоа треба да победува и да игра убав фудбал“.
„Бев некое време во тренинг кампот на Тотенхем и заклучив дека Покетино е идеалното решение за Манчестер Јунајтед“, изјави Невил.
Покрај Покетино со клупата на Манчестер Јунајтед се повразуваат Зинедин Зидан, Лоран Блан, Оле Гунар Солскјаер…