Дома Фудбал Англија Невил: Би уживал гледајќи како Ливерпул испушта 11 бодови предност

Невил: Би уживал гледајќи како Ливерпул испушта 11 бодови предност

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил откри дека би бил посреќен ако Ливерпул ја испушти предноста во Премиер лигата.

„Црвените“ се први во домашното првенство со скор од 13 победи и реми со 40 освоени бодови. Од друга страна Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10. позиција со 18 освоени бодови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ако Ливерпул ја испушти предноста би бил многу посреќен. Искрено би уживал гледајќи ги како имаат 11 бодови предност, а потоа се распаѓаат. Всушност, се надевам дека оваа предност ќе ја имаат и во март, па потоа ќе се распаднат. Меѓутоа ќе бидам реален и ќе кажам дека покажаа констатност во изминатите две години“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандскиот ветеран удри по Сака: Тоа што го направи е срамота, не си светска класа!

Арсенал го исфрли Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат…