Дома Топ вести Неверојатно сценарио: Семејството го притиска Мбапе да се пресели во Саудиска Арабија

Неверојатно сценарио: Семејството го притиска Мбапе да се пресели во Саудиска Арабија

Иднината на Килијан Мбапе е главна тема, откако ПСЖ дефинитивно го исфрли од тимот и не го повика на турнејата во Јапонија.

Парижаните со сите сили се обидуваат да се ослободат од 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор тој да се пресели во Мадрид следното лето како слободен агент и да добие бонус од 100 милиони евра.

Ал Хилал е подготвен да го купи Мбапе на една година и така да го реши проблемот. Французинот една година да игра во Саудиска Арабија за 300 милиони евра, а следното лето да се пресели во Мадрид.

Претставници на Ал Хилал се во Европа и преговараат со семејството, кое смета дека тоа е најдобра солуција и го притиска Мбапе да прифати една година да игра во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …