Дома Фудбал Неверојатно: Давид Виља во солзи го напуштил тренингот на шпанската репрезентација

Неверојатно: Давид Виља во солзи го напуштил тренингот на шпанската репрезентација

Искусниот шпански напаѓач, Давид Виља по неколку годишната пауза повторно се врати во репрезентацијата на Шпанија.

Овој 35-годишен напаѓач на Њујорк Сити по одличните игри во САД повторно успеа да избори повик во репрезентацијата на Шпанија на изненадување на многумина, Виља доби одредена минутажа во натпреварот против Италија и се очекуваше утре да го одигра целиот натпревар против Лихтештајн.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа, од шпанскиот тим изјавија дека Виља е надвор од конкуренцијата за овој натпревар поради проблеми со повреда. Виља се повредил на тренинг и во солзи го напуштил тренингот на Шпанија. Тоа покажува колкава била желбата да настапи на утрешниот натпревар за квалификациите за СП.

„Виља заработи лесна повреда утрово на тренинг, но нема да може да игра утре против Лихтештајн. Имаше голема желба да биде во првиот состав утре и го даде својот максимун на секој тренинг. Сепак, на крајот тоа заврши со најлош исход, односно со негова повреда“, изјавија од селекцијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…