Дома Фото Неверојатно: Го преживеа падот со авионот на Чапекоенсе, а сега и страшна автобуска несреќа

Неверојатно: Го преживеа падот со авионот на Чапекоенсе, а сега и страшна автобуска несреќа

Играчите на бразилски Чапакоенсе имаа авионска несреќа на 28. ноември 2016. година на пат кон Колумбија и скоро целиот тим го загубија животот.

За жал. животот го загубија 71 човек, а шест ја преживеаа несреќата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓу оние кои беа поеѓу преживеаните беше и човекот со име Едвин Тумири. Успеа да се опорави и да започне нов живот, а пред два дена доживеа уште една страшна несреќа и повторно преживеа.

Автобусот во кој се наоѓал падна во провалија длабока 150 метри. Загинале 21 човек, а Тумири повторно имал среќа и преживеал заедно со уште 13 луѓе.

Заработил идентични повреди како и во авионската несреќа. Грбот и коленото се повредени, но тој се чувствува добро.

„Лазејќи излегов од автобусот. Видов дека коленото ми е повредено, седнав и помислив: Повторно, не можам да поверувам. Се чувствувам навистина благословено.“ – рече Едвин.

Навистина неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Вардар по пауза од седум години денес за првпат ќе одигра европски натпревар!

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат првиот натпреваар во европски рамки по пауза од це…