Дома Фудбал Италија НЕВЕРОЈАТНО: Братот на Донарума најплатен трет голман во Европа!?

НЕВЕРОЈАТНО: Братот на Донарума најплатен трет голман во Европа!?

Познато е дека еден од условите Џиџо Донарума за да потпише договор со Милан беше „росонерите“ да го ангажираат неговиот брат кој нема квалитет да го носи дресот на Милан.

Ако тоа ве изненади, неговата плата ги шокираше буквално сите, постариот Донарума во Милано ќе заработува еден милиони евра по сезона.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Италијанските медиуми направија споредба, единствено Душез од ПСЖ заработува околу 200.000 евра повеќе, но тој нема да се задржи во Париз ќе биде испратен на позајмица.

Значи, Антонио Донарума, нема да биде ниту на клупата, тука Сторари има предност, туку ќе биде трет голман, милион евра за тренирање е навистина сума од соништата.

Сепак, ова не е прв пат Милан да плаќа екстремно висока плата за третиот голман. Имено, Диего Лопез заработуваше 2.5 милиони евра, а во еден момент додека беше член на Милан стана и трет чувар на мрежата.

Постариот Донарума изминатата сезона ја помина во Астерас од Триполис каде што заработуваше нешто повеќе 100.000 евра, значи сега добива скоро 10 пати поголема плата, но по заслуга на неговиот помал брат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…