Фантастични натпревари беа одиграни изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига во светот.
Каква вечер во НБА лигата!
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Монструозни настапи имаа Џејмс Харден и Кевин Дурант. Ѕвездата на Хјустон постигна 54 поени во феноменален натпревар каде што неговиот Хјустон на крајот беше поразен од Вашингтон после продолженија со 135:131, додека Дурант против Орландо постигна 49 поени во победата на Голден Стејт со 116:110.
Џејмс Харден влезе во историјата на НБА лигата како играч кој најмногу пати постигнал 50 или повеќе поени, покрај тоа имаше и повеќе од 10 асистенции. Такво нешто му успеа пет пати, а на ниту еден друг играч во НБА лигата не стигнал повеќе од пет пати до таков учинок. Харден уфрли 54 поени, запиша 13 асистенции и 8 скокови.
Од игра шутираше 17 од 32, од нив 7 од 15 беа за три поени, додека од линијата за слободни фрлања имаше учинок 13 од 15.
Покрај него во тимот на Хјустон одличен беше Ерик Гордон со 36 поени. Бековите на Хјустон така комбинирано постигнаа 90 поени, но ниту тоа не беше доволно бидејќи и Вашингтон имаше исто така одличен тандем. Џон Вол постигна 36 поени со 11 асистенции, а Бредли Бил 32 поени им помогна и Маркиф Морис со 22 поени и 10 скокови.
Токму Вол и Бил со своите кошеви обезбедија недостижна предност за Вашингтон во продолжението.
Малку недостасуваше и Дурант да направи исто што и Харден (50+ поени и 10+ асистенции). Му недостасуваше еден поен и една асистенција во натпреварот против Орландо. Во отсуство на Стеф Кари ја превзема целата одговорност и ги предводеше Вориорси до победа.
https://youtu.be/5xrHEe31sBY
Го следеше Клеј Томпсон кој постигна 29 поени, со 6 тројки од 12 обиди. Останатите имаа послаб учинок, но и тоа беше доволно да се победи Орландо. Во поразениот тим најмногу се истакна Никола Вучевиќ со 30 поени и 12 скокови.
НБА резултати
Шарлот – Милвоки 110:107
Кливленд – Минесота 95:102
Вашингтон – Хјустон 135:131 (после продолженија)
Чикаго – Сан Антонио 108:107
Њу Орлеанс – Бостон 107:124
Јута – Индијана 88:121
Голден Стејт – Орландо 116:110