Дома Фудбал Англија Неверојатен податок: Знаете ли колку време Њукасл е без победа?

Неверојатен податок: Знаете ли колку време Њукасл е без победа?

Неверојатен податок најавува дека Рафа Бенитез наскоро би можел да биде отпуштен од тренерската позиција во Њукасл.

На менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез му се „смешка“ отказ доколку нешто за брзо не промени во својот тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Црно-белите после девет кола во англиската Премиер лига се наоѓаат на последното место на табелата, можеби и тоа не е толку страшно колку еден друг податок.

Имено, Њукасл последен пат запиша победа во пријателскиот натпревар против Сент Патрик, а тоа беше на – 17 јули! Ова значи дека англискиот премиерлигаш е без победа повеќе од три месеци.

Во меѓувреме успеаа да освојат два бода од стартот на сезоната кога одиграа без голови против Кардиф и Кристал Палас. Испаднаа од Лига купот од Нотингем, но купот веројатно и е толкава грижа.

Она што сигурно најмногу ги загрижува е тоа што доколку нешто многу брзо не се смени на подобро, клубот повторно ќе се врати во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„АС“ пишува: Кариерата на Модриќ во Реал Мадрид е завршена!

Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид на уште нешто повеќе од два и пол месеца и се помал…