Дома Фудбал Италија Неапол ќе гори: Јувентус стартува со „предавникот“ од прва минута!

Неапол ќе гори: Јувентус стартува со „предавникот“ од прва минута!

Италијанските медиуми јавуваат дека Гонзало Игуаин ќе игра од првата минута во вечерашното големо дерби помеѓу Наполи и Јувентус.

Аргентинецот беше опериран пред два дена поради скршеница на шаката, но е спремен за игра, а поради фактот што Манџукиќ е надвор поради повреда, тренерот Алегри ќе стартува со Игуаин од првата минута.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Друштво во нападот на Аргентинецот ќе му прават Пауло Дибала и Даглас Коста. „Старата дама“ ќе игра во формација 4-3-2-1, па Алегри ќе излезе со следниот тим:

Буфон – Де Шиљо, Бенатиа, Киелини, Асамоа – Матуиди, Пјаниќ, Кедира – Даглас Коста, Дибала – Игуаин.

Игуаин сигурно го очекува пекол вечерва на „Сан Паоло“ бидејќи не е тајна дека тој е најомразениот фудбалер во Неапол, откако пред две години премина во редовите на најголемиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…