Дома Останати Тенис Не сум лицемер: Надал призна дека сакал Ѓоковиќ да изгуби во финалето

Не сум лицемер: Надал призна дека сакал Ѓоковиќ да изгуби во финалето

Новак Ѓоковиќ неодамна го освои осмиот Австралија Опен и 17. Грен слем во кариерата. Српскиот тенисер во финалето со 3:2 во сетови го победи Доминик Тим.

Рафаел Надал, Шпанецот кој беше запрен од Тим во четвртфиналето, призна дека во финалето навивал за Тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не сум лицемер. Секако дека за мене беше подобро Тим да победеше. Меѓутоа да бидам искрен, добро спиев во последните денови и не ми е важно дали победи Новак или Доминик“, изјави Надал кој после победата на Ѓоковиќ остана без првото место.

Ѓоковиќ со триумфот на Австралија Опен му се доближи на Надал на два Грен-слема. Рекордер е Федерер со 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Бранителка на титулата на Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го заврши својот…