Дома Македонски спорт Не им се плашиме на Французите: Цапар стартува со Чолаковски, Воша и Илиевски во нападот!

Не им се плашиме на Французите: Цапар стартува со Чолаковски, Воша и Илиевски во нападот!

Новиот селектор на младинската репрезентација Драган Канатларовски офанзивно излегува против големиот фаворит Франција.

Натпреварот со Франција го стартуваме со формација 4-3-3 во која Стефан Чолаковски ќе биде во средината на нападот, а по страничните позиции Марио Илиевски и Арби Воша. За Чолаковски ова ќе биде деби за Македонија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во средината се Фазлагиќ, Агрон Елези и Томче Гроздановски. На стоперските позиции се Метју Божиновски и Ѓурковски, десен бек Ѓорѓи Јанкулов е десен бек, а Филип Антовски лев.

КаЈ Французите во првиот состав е и најголемата ѕвезда на овој тим Едуардо Камвинга кој пред неколку дена го комплетираше трансферот во Реал Мадрид.

Натпреварот започнува во 18:30 часот со директен пренос на Арена Спорт.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…