Дома Фудбал Репрезентации Не бил Дешамп само проблемот: Бензема ја избриша скоро цела француска репрезентација од Инстаграм

Не бил Дешамп само проблемот: Бензема ја избриша скоро цела француска репрезентација од Инстаграм

Карим Бензема зад себе има година во која ја освои „Златната топка“, но потоа доживеа и разочарување во репрезентацијата на Франција.

Французинот се повреди пред почетокот на Светското првенство, а тогаш настанал конфликт со селекторот Дидие Дешамп кој не прифатил да се врати Бензема во репрезентацијата по санирањето на повредата.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Самиот Бензема истакна дека не планира да се врати во националниот тим, но очигледно дека Бензема немал проблем само со Дешамп туку со скоро цела француска репрезентација.

Имено, медиумите објавија дека Бензема престанал да ги следи скоро сите француски репрезентативци, оставила само петмина.

Станува збор за неговите соиграчи од Реал Мадрид, Чуамени и Камвинга, како и Мбапе, Варан и Маркус Турам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…