Комесарот на НБА лигата Адам Силвер смета дека не е време да се менува долгогодишното лого.
Фановите преку друштвените мрежи бараа да се промени логото на НБА во знак во чест на Коби Брајант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу најгласните за оваа идеја беше ѕвездата на Бруклин, Кајри Ирвинг.
„Во НБА во овој момент не се зборува за можна промена на логото. Навистина ја ценам иницијативата, но логото кое го имаме е исто така иконско и е во чест на Џери Вест. На Коби исто така му
оддадовме почит со преименувањето на МВП наградата на „Ол-Стар“ натпреварот“, додаде комесарот на најсилната кошаркарска лига во светот.