Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига, НБА се одиграа четири натпревари.
Лос Анџелес Лејкерси после трите порази на стартот, сега врзаа две победи во низа. Совладан беше одличниот Денвер (121:114), тим за кој ова беше прв пораз во сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гледавме прилично изедначен натпревар, а Лејкерси клучната предност ја направија во последната четвртина која ја добија. Претходно гледавме прилично изедначен натпревар во кој двата тима го менуваа водството, за последниот период тимот на Леброн да го добие со девет поени разлика.
Леброн Џејмс одигра одличен натпревар и оствари трипл-дабл со учинок од 28 поени, 11 скокови и исто толку асистенции, заедно следуваше Кајл Кузма со 22 поени и три скокови.
Во редовите на Денвер најрасположен за игра беше Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл со 24 поени 11 скокови и 2 асистенции.
Како што споменавме за Денвер ова беше прв пораз во сезоната и сега се на учинок од четири победи и еден пораз, од друга страна Лејкерси во пет натпревари имаат три порази и две победи.
Бостон на гостински терен ја совлада Оклахома со 95:101.
Одличен натпревар во победничкиот тим одигра Татум кој постигна 26 поени, запиша шест скока и една асистенција, додека Морис оствари дабл-дабл со 21 поен, 10 скокови и една систенција.
Најефикасен кај поразениот тим беше Пол Џорџ со 22 поени, осум скокови и една асистенција, Расел Вестбрук натпреварот го заврши со 13 поени, 15 скокови и осум асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=EALRAEoBw1c
Во останатите два натпревари Портланд го совлада Орландо (114:128) и Детроит славеше против Кливленд (110:103).