Дома Фудбал Најстариот селектор на светот доби отказ!

Најстариот селектор на светот доби отказ!

Пандемијата со коронавирусот одамна влезе во сите свери на фудбалот, а некои фудбалски сојузи даваат колективни откази. Тоа денеска го направи Фудбалскиот сојуз на Уругвај.

Најстариот селектор на светото Оскар Табарез (73) после 14 години на функцијата шеф на стручниот штаб во репрезентацијата на Уругугвај денеска доби отказ!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Без оглед што во јужноамериканската држава се уште нема посериозна криза со коронавирусот фудбалските власти се одлучија за радикален потег.

„Сојузот во оваа криза се одлучи на серија тешки одлуки за да ја заштитиме иднината на институцијат.“ – се наведува во соопштението.

Освен Табарез отказ добиле уште 400 вработени во Сојузот. Раскинати се сите договори, а на сила останаа само они кои се неопходни за функционирање на асоцијацијата.

Табарез најголемиот успех со Уругвај го оствари на СП в0 2010. година кога играа во полуфиналето и една година подоцна кога беше освоена Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…